Во Кочани отворена самостојна ликовна изложба на уметникот Томислав Димитровски
Во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани отворена самостојната ликовна изложба на уметникот Томислав Димитровски. Насловот на изложбата е „Тоа сум јас“ – Центар на моето битие.


Томислав Димитровски ( Томас ) е роден во Штип. Има завршено средно текстилно образование смер моден дизајн во 1993 година во Штип, каде подоцна отвара свое модно студио и како моден дизајнер поседува свој сопствен бренд за машка облека “Tomas style”. Многу успеси реди од национален карактер т.е. неговиот моден дизајн го носеа неколкумина како мистер на Македонија, во Кина и македонскиот поп рок група Next Time кои не претставуваа на Евровизија во Русија. Страста кон уметноста ја гали уште од најмали нозе и после некои разочарувања во животот влегува длабоко во сликарството создавајќи композиции како повик сакајќи да остави свој белег зад себе. ” Тоа сум јас” центар на моето битие е наречена ликовната изложба “животен циклус” пренесувајќи го со малку зборови, но со големи ликовни дела. Во зависност од идејата која е реализирана на платно некои слики се врамени во високо квалитетни рамки, а постојат и дела кои се изработени на хартија со јаглен. Неговата имагинарна творечка експресија на моменти асоцијативна, но секако фигуративна провоцирајќи ги сите сетила е присутна во сите негови дела и ги изразува неговите сензации на умот.



-Прв пат сум во Кочани, инаку ова е моја втора самостојна изложба. Тој порив кој што сум го имал во суштина е многу оддамна во мене и бил потиснат. Јас завршив средно текстилно училиште моден креатор и тоа беше моја опсесија. 22 години имам мој сопствен бренд. Успеси редев многу, двапати пратив со мој дизјан и облека во мистер на Македонија во Кина, групата Некст Тајм кога беа во Русија јас бев стилист, нивната облека беше мој дизајн, но можам да кажам дека со таа борба за материјалното го губиме духовното.Инаку сликам 8 до 10 часа дневно и тоа ме прави среќен, рече Димитровски.

