Прв во Барселона – прво место за Лазар Захариев на натпреварот во Бадалонија, Барселона во категорија Мастер М1со подигнати 215 килограми без конкуренција
Лазар Захариев од Кочани уште еднаш докажа дека е меѓу најдобрите бенчери на балканот и пошироко.

На натпреварот во Бадалонија, Барселона, Шпанија во power lifting дисциплина bench press го освои првото место во категорија мастер М1 со подигнати 215 килограми без конкуренција.
Пред само еден месец Захариев во Р. Србија беше прв на купот со подигнати 200 кг. и тој куп претставуваше одлично загревање за првенството во Барселона, Шпанија од кое се врати презадоволен и повторно на врвот.
