Одбележана 80-годишнината од смртта на Љупчо Сантов и Раде Кратовче
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, делегации од Советот на Општина Кочани, училиштата „Љупчо Сантов“ и „Раде Кратовче“, партиски ограноци и од Сојузот на борците од НОВ им оддадоа почит на борците во антифашистичката борба Љупчо Сантов и Раде Кратовче, кои на денешен ден пред 80 години загинаа во селото Главовица, Кочанско.


Делегациите положија свежо цвеќе на бистите во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ и во Паркот на Револуцијата.





