СОУ „Љупчо Сантов“ го одбележува патрониот празник
Со пригодна програма во Центарот за култура „Бели мугри“, Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ го одбележа патрониот празник и 80-годишнината од прераната смрт на антифашистот Сантов.

За постигањата на генерациите и за образованието, кое гимназискиот наставен тим и менаџмент го сфаќа не како рамка, туку како прогрес, говореше Љубомир Гацов, директор на „Љупчо Сантов“.

Кочанските гимназијалци прикажаа дел од своите сценски вештини и умеења, низ музичка, поетска и драмска форма, а настап имаше и ФА „Љупчо Сантов“.





