СОУ „Љупчо Сантов“ го одбележа Меѓународниот ден на математиката или Пи-Ден
Во организација на ученици и професори во СОУ „Љупчо Сантов“ беше одбележан 14 март – Меѓународниот ден на математиката или уште познат како Пи-Ден, бидејќи 3, 1 и 4 се првите три значајни цифри на бројот на пи.

Настанот се одржа под мотото „Математиката е кралица на науките“, притоа на присутните им беше објаснета потребата од неа и зошто таа е важна за постојано изучување.
На настанот освен средношколците, присуствуваа и ученици и наставници од основни училишта од Кочани.
Во склоп на одбележувањето на Меѓународниот ден на математиката во градот беа доделени едукативни материјали за значењето и секојдневната примена на математиката.
