Ротари клубот Кочани – Виница со хуманитарен настан и донаторска претстава ќе го одбележи Мовембер – Месецот на машкото здравје
Ротари клубот Кочани – Виница преку низа активноста секоја година ја подига свеста кај граѓаните за зачувување на машкото здравје. Годинава во соработка со Општина Кочани, како дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на мажите и жените, ќе биде одиграна претставата „ЈЗУ Европа“, работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ, во режија на Кристина Атанасова – Арсова, во изведба на актерите од Народниот театар при ЦК „Ацо Шопов“ Штип.
Претставата е закажана за в петок 25 декември во МКЦ во Кочани. Влезницата чини 250 денари, а собраните средства ќе бидат донирани.
Во рамките на одбележување на месецот, Ротари клубот организира и едукативно предавање за одржување на менталното здравје. Предавач ќе биде д-р Дарко Иванов, психијатар во Центарот за ментално здравје Кочани.
Настанот е во соработка и со Ротари клубот од Штип.