Прво место за Лазар Захариев на отворениот куп во Књажевац, Р. Србија во категорија Мастер М1со подигнати 200 килограми без конкуренција
Лазар Захариев од Кочани уште еднаш докажа дека е меѓу најдобрите бенчери на балканот и пошироко.
На отворениот куп во Књажевац, Р. Србија во power lifting дисциплина bench press го освои првото место во категорија мастер М1 со подигнати 200 килограми без конкуренција.
Ова за Захариев претставува загревање за следното првенство во Барселона, Шпанија.

