Кочани доби најсовремен фитнес центар „Премиум“ – најголем на Истокот
Во Кочани отворен нов фитнес центар „Премиум“ најголем досега во Источна Македонија. Располага со голем број на фитнес справи, најнова фитнес опрема, добра климатизација, вентилација, ЛЕД светла и термоизолација.

На располагање се сертифицирани фитнес тренери кои поминале специјални обуки и кои имаат доста знаење да им пренесат на сите оние кои се грижат за своето тело. Ќе бидат одговорни за специјализирана фитнес програма, совети за здрава исхрана и за секој што сака да даде комплетна убавина на своето тело.

-Јас сум долгогодишен спортист, па од таму ми дојде идејата да отворам голем фитнес центар со кој ќе бидат задоволни сите граѓани кои го сакаат фитнесот, но морам да споменам дека межу другото идејата беше покрената и од фактот што ваков фитнес центар од ваков тип немаме во овој регион.

Располагаме со голем број модернизирани справи за вежбање кардио и фитнес справи. Станува збор за справи од најмодерна технологија. Вакво нешто со ваков квалитет на справи во Источна Македонија досега немаме. Справите се комплетно нови и станува збор за навистина сериозна инвестиција, но вакво нешто требаше на овој град.

Сите што сакаат можат да се запишат и да станат членови. Имаме ти месечни, шест месечни и 12 месечни членарини, така што годишната членарина е најисплатлива. Имаме и фамилијарни пакети и поволни пакети за компании. За фитнес центар од ваков тип мислам дека цените се коректни. Имаме поволности за првите 50 членови имаме 50% попуст на членарината, истакна Александар Алексов, сопственик на фитнес центар „Премиум“.

Во фитнес центарот има доволно простор истовремено да вежбаат околу 200 лица и пак да не се чувствува гужва. Посебен акцент и внимание ќе се стави на хигиената, со чисти тоалети, тушеви и и гардероби.
Локацијата е над маркет Стокомак, кај кружниот тек на ЛУКОИЛ 2.


