Четворица борачи на БК „Спартак“ на боречки камп во Р. Бугарија
Четворица борачи на БК „Спартак“ замина на подготовки, на четиридневен боречки камп во Софија, Р. Бугарија.

На кампот присуствуваат борачи од Америка, Грција, Бугарија и Македонија.
Борачи кои се на подготовки од БК ” Спартак” се: Даријан Павлев, Павел Темелков, Јован Илијев и Славица Митева. Тренер е Зоран Сребренов. Ова за нив ќе биде од голема корист за претстојните Државни првенства У15 и за државното школско првенство.

Од клубот се надеваат дека некој од нив ќе успее да се избори и за претстојното Европско првенство У15, кое ќе се одржи годинава во мај во Р. Грција. Тренинзите во Р. Бугарија ги водат познати борачи од Бугарија.

Организатор на кампот е Радослав Великов, поранешен светски шампион од боречкиот клуб „Симеон Штерев-Левски“.
БК „Спартак“ – Кочани

