Во Кочани се одржа инфо сесија за вистинското лице на родовата идеологија и сексуално образование
Коалицијата за заштита на децата и Здружението на родители Родителски фронт одржаа бесплатна инфо сесија на која граѓаните на Кочани подетално се запознаа со родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование што се наметнува во училиштата.

Секој родител има право да знае и да донесе информирана одлука што ќе го учат неговото дете во образовните институции, истакнаа од Здружението на родители Родителски фронт.

-Родителски фронт и Коалицијата за заштита на децата започнаа со инфо сесии низ повеќе општини низ државата со цел да ја обистиниме вистината за родовата идеологија за сеопфатното сексуално и родово сензитивно образование кое што се наметнува на нашите деца. Родовите активисти се обидуваат родовата идеологија да ја индоктринираат во училиштата на несоодветна возраст на децата и имаат намера да им го поматат умот на децата, да им го нарушат природниот тек на развој и растење. Само родителите имаат уставно загарантирано право и обврска да се грижат и да одлучуваат за образованието на своите деца. Никој друг нема ниту право, ниту обврска да одлучува за тоа што ќе учат нашите деца во училиштето. На инфо сесиите зборуваме за тоа што е род, што е родов идентитет, она што родовите активисти се обидуваат да го инфилтрираат со предлог законот за родова еднаквост. Во нашиот устав не постои поимот род. Ние имаме само два пола – машки и женски и тука завршува целата приказна, истакна за сито.мк Мариета Дукиќ, претседател на Здружението на родители Родителски фронт.


На инфо сесијата што се одржа во Мултикултурниот центар во Кочани присутните граѓани можеа да се вклучат во разговор, да поставуваат прашања и да споделат и свои искуства.

Инфо сесиите веќе успешно поминаа во Пробиштип, Ново Село, Струмица, Кавадарци.
