Амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир во посета на СОУ „Љупчо Сантов“ и Општина Кочани
По повод 24ти јануари, Меѓународниот ден на образованието, претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, предводени од амбасадарот, г-н Дејвид Гир, остварија посета на СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.


Во рамки на посетата, остварија средба со директорот Љубомир Гацов, каде што од негова страна беа запознаени со различните активности во кои што учествува училиштето, како што се ErasmusPlus програмата, eTwinning и Junior Achievement проекти.

Учениците од СОУ “Љупчо Сантов“ кои што неодамна го посетија Европскиот Парламент во Стразбур имаа уникатна можност да остварат средба со амбасадорот и да ги споделат нивните лични искуства од учеството во образовната активност Euroscola. Притоа учениците ги информираа нивните гости за постоењето на други образовни активности кои што ги нуди Европскиот Парламент и дисксутираа за потенцијалната соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, во насока на понатамошно учество во слични активности.





Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир беше во официјална посета и на Општина Кочани, каде што оствари средба со Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
На средбата се разговараше за досегашните остварени проекти и оние во тек финансирани од страна на ЕУ, како и за правецот во кој ќе се движи општината за нејзин развој.