„Идентитетот е приказна“ – промоција по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски
Во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани денеска пред љубителите на пишаниот збор беше промовирано делото „Идентитетот е приказна“ од авторот Иван Антоновски.

Книгата е излезена во печат по повод 70 години од раѓањето на македонскиот драмски автор и есеист Горан Стефановски.

Делото „Идентитетот е приказна“ пред публиката го промовираше професорката, Весна Мојсова – Чепишевска.

За уметничко – музичкиот дел се погрижија учениците и професорите од ОМУ „Ристо Јуруков“.

Промоцијата на книгата е дел од програмата на годинешниот „Саем на книгата“ кој по шеснаесетти пат се организира во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.