Самостојна изложба на Марија Мицова Гацова
Во Салонот Фоаје 2 на Центрот за култура „Бели Мугри“ во Кочани вечерва беше отворена самостојната изложба на дела на уметничката Марија Мицова Гацова.


Изложбата е резлутат на нејзините постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности под менторство на проф. Станко Павлески. Изложбата се состои од три дела, мрежа од бели полутопки изработени од 50- годишна неупотребена хартија и мрежа од графици, полусферични објекти со висок сјај кои ја рефлектираат целата поставка и простор на изложбата и видео дело „Бивање моето Место“.


Проект е избран за национален интерес во културата за 2022 година , под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија.