Одигран хуманитарниот кошаркарски натпревар помеѓу ученици и професори од СОУ „Љупчо Сантов“ , подобри се покажаа учениците
Учениците и професорите од СОУ „Љупчо Сантов“ одиграа хуманитарен кошаркарски натпревар во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани.

Организацијата е на МО „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ а освен кошарка се изведуваа музички точки, хип хоп, лотарија за публиката. На крај тимот на ученици беше поуспешен од тимот на професори од кочанската гимназија со резултат 50:44.

На настанот беа доделени награди за најуспешните поединци и екипа.

Собраните средства ќе бидат доделени во хуманитарни цели, дел од средствата ќе бидат наменети за помош изградба на пристапна рампа за лицата со попреченост во СОУ „Гошо Викентиев“.


