ОО на СДСМ Кочани одржа трибина: „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје!“
Едукативна трибина на тема „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје” организираше Општинската организација на СДСМ – Кочани во Центарот за култура „Бели Мугри“. Преку вакви трибини сакаат да ја подигнат свеста за превенција како дел од борбата за подобро женско и машко здравје.

Пред присутните на трибината се обратија еминентни доктори од јавното здравство: Доц. Д-р Венко Филипче, неврохирург, поранешен министер за здравство, Заменик министер за здравство, д-р Маја Манолева, Проф. Д-р Ана Данева Марковска, специјалист по гинекологија и Д-р Диме Коцев, специјалист по урологија.

Присутните на почетокот ги поздрави претседателот на ОО СДСМ Кочани Гоце Серафимов и претседателската на Форумот на жени Душанка Горгиева Трпевски кои истакнаа дека СДСМ и понатаму активно ќе продолжи со вакви трибини и со грижа за граѓаните за јакнење на свеста за превенцијата и навремените прегледи како клучни во борбата за подобро машко и женско здравје.

Првиот дел од настанот „Не чекај! Превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје!” беа бесплатните здравствени прегледи и консултации со стручни лица што беа организирани во Паркот на револуцијата во Кочани.




