Почна примената на одлуката за интонирање на химната и подигање на државното знаме во училиштата во Кочани
Почна примената на одлуката за интонирање на химната и подигање на државното знаме во училиштата во Општина Кочани. Одлуката беше донесена на последната 37. Седница на Совет, што се одржа минатата недела.

Македонската државна химна, а и на јарбол ќе се подига македонското знаме каде има технички можности на почетокот на секоја работна недела. Одлуката беше донесена едногласно од страна на советниците, а беше по предлог на советниците Гоце Марков и Венко Крстевски со образложение дека со овој начин се оддава почит кон татковината и државните обележја.

Освен во училиштата химната ќе се изведува и на седниците на Совет на Општина Кочани.
