Едукативна трибина на тема „Невропсихолошки промени кај пациентите со мозочен удар“ организираше Форумот на жени на СДСМ – Кочани
Форумот на жени на СДСМ Кочани од секогаш работи на подигање на свеста кај луѓето за рано откривање и превенција на многу болести. Мозочниот удар е прва причина за инвалидитет кај луѓето, а втора најчеста причина за смрт и е фатален во една третина од случаите. Во однос на женската популација пак, Форумот со низа активности работи на превенција и рано откривање на карциномот на дојка. Затоа и го обележа месецот Октомври кој е месец за борба против овој карцином, со цел подигање на свеста кај жените за негово рано откривање.

Форумот не застанува тука, туку работи и на подигање на свеста за рано забележување на знаците на мозочен удар. Со превентивни здравствени прегледи го одбележа Светскиот ден за борба против мозочниот удар 29 октомври, а вечерва во МКЦ организираше трибина на тема „Невропсихолошки промени кај пациентите со мозочен удар“.

Трибината ја отвори д-р Душанка Горгиева Трпевски, претседателка на Форумот на жени на СДСМ Кочани, а предавачи беа д-р Маја Шоповска Китанова, специјалист по неврологија и Селма Јашари Смајловиќ м-р по психолошки науки и семеен советник.
Пред присутните во преполната сала на МКЦ предавачите зборуваа за знаците и симптомите на мозочниот удар, како и заштита и превенирање на оваа болест која остава трајни последици врз човековото здравје.
Форумот на жени на СДСМ КОчани секоја година со разни активности го одбележува месецот Октомври кој е месец за борба против карциномот на дојка и мозочниот удар.




