На 21. и 22. октомври ќе се одржи манифестацијата „Денови на мед“ во Кочани во организација на ПЗ „Матица“
И оваа година пчеларско здружение „Матица“ од Кочани организира манифестација по повод Деновите на медот. Сабота и недела на 21. и 22. октомври на штандови свои производи ќе излагаат познати пчелари од повеќе градови од републиката.

Освен мед и пчелни производи ќе има излагачи и на пчеларска опрема. Отворањето е предвидено за в сабота на 21 ти октомври во 11 часот во паркот во Кочани каде што е планирана и културно уметничка програма со настап на ученици од ОУ „Раде Кратовче“, ОМУ „Ристо Јуруков, Музичката школа „Sound Centar“ и КУД „Руен“ од Кочани.

Од ПЗ „Матица“ ги покануваат сите граѓани да бидат дел од саемот и да си купат мед и пчелни производи по пониски саемски цени.