ДПД Кочани спроведе обуки во средните училишта како дел од проектот „Млади волонтери за сигурна средина за живеење”
Доброволното противпожарно друштво Кочани како проектни активности во проектот „Млади волонтери за сигурна средина за живеење” спроведе две обуки во двете средни училишта СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“.

Обуката за “Превенција и заштита од пожари и други елементарни непогоди” беше спроведена од професионален пожарникар на ТППЕ Кочани членови на ДПД Кочани и ДПД Свети Николе и истата се состоеше од теоретски и практичен дел.

Обуката “Можни повреди од пожари и други елементарни непогоди и нивно санирање” беше спроведена од волонтери на Црвен Крст општинска организација Кочани и членови на ДПД Кочани и ДПД Свети Николе.

Проектот “Млади волонтери за сигурна средина за живеење” се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан-ReLoAd2 која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот е кофинсиран од Општина Кочани, а ќе се спроведе јавна расправа за подигање на јавната свест за превенција и заштита од пожари со акцент на младите.

