АТМИ „Митко Алексов“ учествуваше на Фолклорните смотри на Источниот регион 2023 во Велес
АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани со својата група ветерани настапи на Фолклорните смотри на Источниот регион 2023 што се одржаа во Велес. На смотрите кои се во организација на Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија (СОФАМ), фолклористите од АТМИ „Митко Алексов“ се претставија со орото Овче Поле.

На овие фолклористи им претстојат настапи во земјава и странство каде што преку ората ќе имаат можност да го претстават македонскиот фолклор и традиција.





