Во библиотеката „Искра“ промовирана двојазичната книга „Тиховање/ Тихување“
Во библиотеката „Искра“ во Кочани промовирана поетската книга „Тиховање Тихување“ на Наташа Радосављевиќ Нара која самоиницијативно е издадена двојазично, на српски и на македонски јазик.
Наташа Радосављевиќ Нара е позната српска сликарка, а двојазничната поетска книга Тиховање Тихување е нејзино четврто книжевно дело, кое е подржано, како пријател на книгата, од Здружената српска заедница на Куманово.

-Јас сум присутна на македонската сцена повеќе години, имам бројни пријатели и секогаш сум добро прифатена, и со оваа книга сакав да се заблогадарам и да го испочитувам македонскиот јазик, што е едно големо богаство, и што е начин на кој ќе соработуваме уште многу години, изјави Наташа Радосављевиќ Нара.
Тиховање Тихување е молитвено тихување, мир од кој се создава квалитет, а темата на книгата е спој на љубовта и духовната поезија, што секој во себе го носи, и размислувањата за сите сегменти од животот, како потреба на секое човеково битие.


Рецезенти на поетско дело Тиховање Тихување се м-р Љупка Стојменова и Видак М.Масларовиќ, а преводот на македонски јазик е на Виолета Танчева Златева.