Душанка Горгиева – Трпевски назначена за в.д директор на кочанската Општа болница
М-р. д-р. Душанка Горгиева – Трпевски е нов в.д директор на Општата болница со проширена дејност Кочани по решение на Министерот за здравство, Д-р. Фатмир Меџити.
М-р. д-р. Горгиева Трпевски е магистер по здравствен менаџмент и доктор по детска и превентивна стоматологија и пред назначувањето работеше во Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општата болница во Кочани.
Новата раководителка на Општата болница со проширена дејност – Кочани е актуелен Советник во Советот на Општина Кочани од редовите на СДСМ и претседателка на Форум на жени при ОО на СДСМ – Кочани. Горгиева – Трпевски има 17 годишно искуство од кое 12 како менаџер на приватна компанија од областа на здравството.
