Концерт на ФИН Проект во организација на ЦК „Бели Мугри“ Кочани
Синоќа кочанци уживаа во концертот на членовите на FIN PROJECT што се одржа во организација на Национална установа – Центар за култура “Бели мугри”- Кочани.

Концертот се одржа на платото пред Центарот за култура, а проектот е дел од годишната програма на НУЦК “Бели мугри”- Кочани за 2023 година со целосна финансиска поддршка од Министерството за култура на РСМ.

Во годината во која ФИН Проект ја одбележува десетгодишната од своето постоење, за прв пат се одржа концерт во Кочани. По извонредните албуми: Битови орнаменти/Во Македонија; Едно е сонцето; Ре:Визија; Време.Живот.Слобода , оваа година беше издаден FIN PROJECT ORCHESTRA , албум кој е резиме на творештвото на Никола Стојковски и сублимира музички материјал од досегашната дискографија овојпат оркестриран и изведен од филхармониски оркестар.

Овој концерт беше можност публиката да го слушне и доживее ова музичко патување низ различни музички жанрови и мотиви, кои ја прават оваа музика вонвременска и автентична. Настапија: Никола Стојковски, Билјана Петровска- Пијано, Калина Велковска –вокал, Сенад Усеин – труба, Ведран Антовски – гитара.




