Промовирано 10 јубилејно издание на „Метрички караван“
Во организација на ЈОУ Библиотека ,,Искра” – Кочани, во склоп на празничната програма на Општина Кочани, по повод Петровден, празникот на градот, вечера беше промовирано 10-то јубилејно издание на „Метрички карван” Гевгелија-Кочани во издание на ЈУ Библиотека – Гевгелија.

Претставува огромна чест и посебно задоволство што кочански автори се дел од 10-то издание избор поезија „Метрички карван“ во која се застапени автори од Гевгелија и Кочани.

Уредници на книгата се м-р Стефан Марковски, проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Славчо Ковилоски, а промотор и рецензент е доц. д-р Ана Витанова Рингачева.

Низ програмата не водеше нашиот проф. Доне Донев, а настанот беше збогатен со изведби на клавир од нашиот млад, талентиран и повеќепати наградуван Јован Цветанов, ученик во ОМУ ,, Ристо Јуруков”-Кочани.
ЈОУ Библиотека „Искра” – Кочани