Македонскиот фолклор претставен во Босна и Херцеговина преку ФА „Љупчо Сантов“
Од 6ти до 11ти јули Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари беше на турнеа во Босна и Херцеговина на покана на долгогодишните пријатели од Младинскиот културен центар Босна Арт од Стјепан Поље, Грачаница кои беа организатори на Х-та Интернационална фолклорна смотра.

Ансамблот имаше настап и на Фолклорна смотра Добој 2023 која се одржа на тврдината во Добој. Делегација од Ансамблот имаше прием кај градоначалникот на општина Грачаница и претседателот на месна заедница Стјепан Поље.

Слободното време беше искористено со посета на знаменитости во Грачаница со локален водич (саат кула, медреса, босанска традиционала куќа, термални извори).

Заедно со домаќните од Стјепан Поље неделата беше искористена за прошетка во Тузла и капање во вештачките солени Панонски езера во центарот на Тузла, кои тој ден беа посетени со над 20.000 посетители.


