Промовирано делото „Кога тајно ги мамев чувствата“ од роднокрајниот автор Далибор Стојанов
Во рамки на годинешното Петровденско чествување попладнево во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше промовирана поетската збирка „Кога тајно ги мамев чувствата“ од авторот Далибор Стојанов.


-Ова е моја втора книга после 22 години бидејќи првата моја книга е објавена во 2001 та година. Во оваа книга е опејана љубовта затоа таков е и насловот. Првата песна има околу 30 песни, а оваа има двојно повеќе околу 60. Во првата книга освен песни за љубовта содржи и псалм за Рождеството Христово, рече Далибор Стојанов, автор на книгата.

Промотор на книгата беше Александра Закова Цветков која даде осврт за авторот и неговото дело, додека модератор на настанот беше библиотекарот Верица Паунова Дамеска.

