Промовирана книгата „Ѕвездена лектира“ од авторот Власта Цениќ од Србија
Во просториите на Библиотеката „Искра“ промовирана книгата „Ѕвездена лектира“ на авторот Власта Цениќ. Издавач е Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари Поток“ од Кочани, а уредник е Љупка Стојменова. Преводот од српски на македонски јазик е на Филип Димкоски кој беше и промотор заедно со писателот за деца Горјан Петревски.

-Мило ми е што мојата книга е дел од културните настани на вашата манифестација. Не е само тоа што не поврзува со Здружението „Стари поток“ од Кочани туку уметноста, културата, пријателството. Иако е преведена на бугарски и на руски јазик сепак особено ми е драго што „Ѕвездена лектира“ е преведена и на македонски јазик. Станува збор за збирка на љубовни стихови за млади преку кои се искажани сите мои емоции и желби а задржана е и римата, рече авторот Власта Цениќ.

Промоцијата е дел од културните настани за одбележување на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.