Со промоција на книга започнаа Деновите на кочанскиот ориз
Со промоцијата на книгата „Под фенерот на Диоген“ на авторот Јане Атанасов започна програмата за одбележување на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Пред присутните во ЈОУБ „Искра“ беше промовирана книгата која што содржи афоризми. Промотор беше Славица Цветкова, а книгата е печатена заедно со уште една книга поезија на авторот Атанасов.
-Станува збор за книга афоризми, создавани последните три – четири години, мој избор на афоризми кои се создавани и објавувани на мојот фејзбук профил. Во книгата освен афоризми има поместено и две рецензии од Нада Караџиќ од Белград и од Миле Ѓорѓијоски од Делчево, рече авторот Јане Атанасов.


Деновите на кочанскиот ориз продолжуваат со уште неколку промоции на книги во библиотеката „Искра“ и средба со писатели, а главното случување на манифестацијата ќе се одржи на 8 октомври сабота кога во 10 часот во с. Горни Подлог ќе се изврши традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, доделувањето на наградата за најдобар оризопроизводител, како и настап на домашни и странски ансамбли. Концерт ќе одржи Ирена Спасовска со Маестро бенд и Зарина Првасевда и Паркети.