ОМУ „Ристо Јуруков“: На 12. јуни концерт на родители и деца за прв пат во Кочани
ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани за прв пат организира заеднички концерт на родители и деца. На концертот на сцената заедно ќе музицираат ученици од училиштето и нивните родители. Од училиштето велат дека ова ќе биде прв ваков концерт организиран од кочанското музичко училиште, а граѓаните се должни да дојдат, да уживаат и да се забавуваат.

Концертот ќе се одржи во на 12. Јуни (понеделник) во Мултикултурниот центар со почеток во 19 часот.

Изминатите денови учениците настапија во Охрид на музичкиот караван, како и во Св. Николе каде одржаа концерт на класична музика.

