48. издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“
Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, а во соработка на ЛК „Копнеж“, во малата сала на Мултикултурниот центар се реализираше 48. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“.

На фестивалот беа претставени 24 лични, поетски творби од страна на ученици од основните училишта, библиотеки и литературни клубови од Кочани, Општина Зрновци, Општина Чешиново-Облешево, Виница, Радовиш, Струмица, Свети Николе, Куманово и Пробиштип.

По тој повод беа доделени пригодни награди, во повеќе категории за кои при разгледувањето на творбите, одлучуваше стручна комисија.

Првата награда Гран при „Димитар Гогов“ ја доби Бојана Илијева, 9 одд. ОУ „Страшо Пинџур“ Чешиново, ментор Тодорка Стоименова.
Втора награда освоија Илина Митева, 7 одд од ОУ „Никола Карев“ Кочани, ментор Гордана Јефтимова и Елисавета Китанова, 6 одд ОУ „Даме Груев“ Куклеш, ментор Марија Абрашева.
Трета награда освоија Теона Цонева, 9 одд ОУ „Славчо Стојменски“ Виница, ментор Миланка Стојанова, Лазар Нацев, 6 одд ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци, ментор Олга Минова и Мила Митровска, 7 одд ОУ „Магдалена Антова“ Куманово, ментор Тања Младеновиќ.
Специјална награда – благодарница и беше дадено на Далиборка Милосјова, професор по македонски јазик во ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци
Благодарница за училиште беше доделена на ОУ „Коста Рацин“ с. Подареш – Радовиш.
Благодарница за библиотека и беше доделена на ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш.
Благодарница за Литературан клуб: Литературен клуб при Дом на култура „Крсте Мисирков“ Свети Николе.
Благодарница за ментор на Тодорка Стоименова, ОУ „Страшо Пинџур“ Чешиново – Облешево.

