Од понеделник 29 мај на Ул. „Димитар Влахов“ помеѓу кружните текови „Стришани“ и „Пераклија“ започнува да се одвива двонасочен сообраќај
По градежното уредување и поставување на сигнализација, согласно ревидираниот Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на постојна состојба започнува примената на утврдениот режим на сообраќај. На ул. „Димитар Влахов“ од кружната крстосница „Стришани“ формирана од ул. „Стево Тодосиевски“, ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Димитар Влахов“ до кружната крстосница формирана од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Глигор Апостолов Гочо“ и ул.„Лазар Андонов“ започнува да се одвива двонасочен сообраќај.
Од интерес за безбедност на сите учесници во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, прописи и правила.