Пет медали за каратистите на „Партизан“ на Меѓународниот турнир „Солидарност ОПЕН 2023“ во Скопје
На Меѓународниот турнир „Солидарност ОПЕН 2023“ што се одржа во Скопје во конкуренција од околу 600 натпреварувачи Карате Клубот „Партизан“ од Кочани настапи со 10 натпреварувачи од кои 5 освоија медали и тоа 1 сребрен и 4 бронзени сите во категоријата Кумите.

1. Владимир Трајков – второ место помлади Кадети ( +57кг)
2. Лина Спасова – трето место категорија деца (-40 кг)
3. Стефан Гоцев – трето место категорија деца (-48 кг)
4. Јован Арсов – трето место во категоријата помлади кадети (+57 кг)
5. Мартин Арсов – трето место во категоријата деца (-42 кг)
Тренерите Оливер Коцев и Јорданчо Петров истакнаа дека се презадоволни од освоените резултати на нивните каратисти.

Меѓународниот турнир „Солидарност ОПЕН 2023“ во Скопје е во организација на Карате Федерацијата на Македонија, а со техничка организација на Карате Клуб „Солидарност“ од Скопје.


