Цеца Ражнатовиќ на стадионот во Кочани по повод празникот на градот – Петровден
По повод празникот на градот Кочани – Петровден, на 12 јули на градскиот стадион “Никола Мантов” се подготвува голем спектакуларен солистички концерт на најпознатата мега ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ. Организаторот ИМД продукција во соработка со Општина Кочани најавуваат досега невиден спектакл за прв пат во нашиот град.

– Можам да кажам дека ИМД продукција заеднички со општина Кочани и ФК “Осогово” се зафати сериозно да го реализира овој проект кој ќе биде за одбележување на празникот на градот, а од големо значење за граѓаните не само на Кочани туку и за сите посетители од градовите ширум републиката, а можеби и од соседните држави. Деновиве ова го договоривме со градоначалникот Папазов и очекуваме дека граѓаните ќе уживаат во концертот на Цеца и дека ова ќе се памети долго, истакна за sito.mk Иванчо Митев, сопственик на ИМД продукција, организатор на настанот.
Ова се само првични најави за одбележување на празникот на градот. За подетални информации граѓаните ќе бидат информирани на прес конференција што ќе биде одржана во периодот што следува.
