Со песни, ора и обичаи годинава се одржа 10-от традиционален Ѓурѓовденски фолклорен фестивал во Оризари
Со дефиле по улиците во Општина Зрновци и Оризари, со презентирање на обичаите биење млеко, правење масло, сукање традиционални ѓурѓовденски зелници и баници проследени со песни и ора на фолклорни ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Македонија (Македонска Каменица и Велес) и домаќините „ФА „Љупчо Сантов“ Оризари, годинава се одржа 10-от Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи песни и ора“ во Оризари. Фестивалот кој што се одржува во чест на православниот празник Ѓурѓовден е во организација на ФА „Љупчо сантов “ од Оризари.


Фестивалот заврши со песна и заедничко дружење и дегустација на традиционалните јадења. Проектот е финансиран од Министерството за култура, ФА „Љупчо Сантов“ Оризари, Општина Кочани, Општина Зрновци и бизнис секторот од Македонија.





