Први награди за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ на Меѓународниот натпревар Полихимнија во Скопје
Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ повторно најуспешни во натпреварите. Таму каде што се натпреваруваат секогаш заслужено со враќаат со награди.

Овојпат ученичката Макарија Иванова во класа на наставник Марија Лазарова и ученикот Јован Цветанов во класата на наставник Душан Стојанов од Меѓународниот натпревар Полихимнија што се одржа во Скопје во рамките на Меѓународниот фестивал на Полихимнија, се вратија со освоени први награди.

Наставниците презадоволни од нивниот успех, истакнаа дека следуваат и други натпревари на кои ќе учествуваат учениците од ова училиште.