Започна Велигденскиот хепенинг „Сподели радост“ во Кочани
Започна најавениот Велигденски хепенинг по повод најголемиот христијански празник Велигден. Оваа година се организира под мотото „Сподели радост“ и веќе се поставени штандови на кои се нуди разни велигденски изработки и украси и вкусна храна во Градскиот парк во Кочани.




Велигденскиот хепенинг содржи богата музичка и забавна програма, со поставени продажни штандови. Во предвидените денови за одржување на хепенингот ќе се организира Пазар на можности од градинките и училиштата, работилници и цртање велигденски јајца, велигденска трка за деца, Светот на Биби и други интересни содржини. Од музичкиот дел настапија Театро бенд и Малинов, а следува Stand up комедија, филм, а во Недела на Велигден настап на Мартинијан Кириловски, Елена Ристевска и други познати пејачи.

По објавениот оглас за организирање на хепенингот, и по одржаното јавното наддавање на јавниот повик беа пријавени двајца понудувачи, од кои „Пролет бар“ понуди највисока понуда.


