ОУ „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник
Основното училиште „Малина Попиванова“ го прослави патрониот празник. Годинава одбележа 121 година од раѓањето на македонската револуционерка и 38 години од основањето на училиштето.


По тој повод градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот на Општината, директорот Благој Петров, како и училишни и делегации од Здружението на борци од НОВ, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор.

Пред многубројната публика беше прикажана свечена програма во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава, како и училишниот хор и оркестар.




