Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци, присуствуваа ученици од Кочани и Виница
Во организација на Rotary Club “Kamen Most-Skopje” и коорганизација на Rotary CLUB Kochani-Vinica и Rotary Club Veles, во Сабота, 8 април 2023 г., под мотото “Гласот на изборот” во Меѓународното училиште НОВА успешно се одржа 11 Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци.


Ротари Клуб Кочани-Виница традиоционално е коорганизатор на овој настан и годинава беше обезбедено присуство на 50тина средношколци од Кочани и Виница на оваа конференција.


Им благодариме на директорите на средните училиште од Кочани и Виница за помошта при организацијата на учениците како и на професорите кои ги придружуваа учениците и секако на самите ученици за присуството и значајното учество.
Веруваме дека целта е постигната и им помогнавме во една најбитните одлуки во животот, изборот на нивната професионална определба.
