Во Кочани спроведена кампањата „МВР за граѓаните“
Министерството за внатрешни работи денеска во Кочани го продолжи караванот од кампањата „МВР за граѓаните, – заедница, доверба одговорност”.


На штанд во Трговскиот центар полициски службеници од ОВР – Кочани делеа промотивен материјал на случајните минувачи и одблизу ги запознаваа граѓаните со активностите и кампањите на полицијата.
Целта на кампањата е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство меѓу полицијата и граѓаните во локалната средина, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ беше упатен апел до граѓаните кои сметаат дека полициски службеник не постапил според професионалните стандарди, ги надминал своите овластување или скратил со закон гарантирано право, да поднесат жалба или претставка до Одделот за внатрешна контрола, криминални истраги и професионални стандарди на МВР.
Акцијата ја спроведоа Секторот за внатрешни работи – Штип, преку Отсекот за превенција – Штип и Одделението за внатрешни работи – Кочани.