ООМУ „Ристо Јуруков“ со концерт го одбележа Денот на пијаното
Концерт по повод Денот на пијаното се одржа во ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани. Настапија младите пијанисти ученици во музичкото училиште Јане, Анастасиа, Марија, Теодора, Владимир, Маша, Ана, Вера, Марко, Јован, Бјанка, Макарија, Ана, Илијана, Јован, Јана, Матеја, Никола, под раководтство и голема заслуга на нивните посветени наставници Елизабета, Драгана, Марија, Дејан, Душан, Стефан.


Денот на пијаното е светски настан на 88-от ден од годината, по повод 88 клавиши на пијаното, инициран од германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам.



Од музичкото училиште со гордост го одбележаа овој ден и истакнаа дека ќе продолжат да го слават пијаното и музиката. Од ова училиште генерации наназад излегуваат солидни ученици кои во текот на школувањето учествуваат на регионални и државни натпревари и освојуваат награди и признанија.

