Одржан прес за настанот „Фолк вечер на популарноста“ чиј домаќин е Кочани
-Почитувани, оваа прес конференција е со цел да го објавиме настанот кој што следува „Фолк вечер на популарноста“ што ќе се одржи на 26 април во 20 часот во Хотел ресторан Амор во Кочани. Ќе настапат голем број музички имиња од Македонија, воедно гостите ќе добијат признанија за она што го имаат сработено во изминативе години. ова би требало да прерасне во традиција и да се одржува секоја година, рече организаторот на вечерта Иванчо Митев.

-Драго ми е што Кочани е домаќин на една ваква уникатна манифестација. За прв пат се организира вакво нешто. Идејата беше заедничка со ИМД продукција односно со господинот Иванчо Митев. Негова желба беше оваа манифестација да се одржи во Кочани во Хотел Амор. Моја идеја беше да се дадат признанија и валоризација на естрадните уметници од фолк музиката.
Со овој настан сакаме целата македонска народна музика да се крене на повисоко ниво и да и се даде значење. Она што е во фокусот на настанот се самите естрадни уметници кои што навистина се најактуелни и кои што дадоа придонес во изминативе 30 – 40 години на македонската фолк сцена. Настанот ќе го емитуваат две телевизии Алфа телевизија и Балкан Мјузик, а ќе го снима Арт студио.
На тој настан ќе му биде дадена посебна почит на неодамна починатиот великан на македонска народна музика, маестро на хармоника, автор, аранжер, лидер на Танец, Милан Завков. Признанија ќе бидат дадени и на актуелни бендови, на млади изведувачи, односно иднината на фолк музиката, на двајца уметници коишто имаат 40 годишна кариреа со огромен придонес во македонската народна музика.

Оваа вечер ќе биде најмногу посветена на оние што се во моментов најактуелни естрадни имиња кои ги обиколуваат сите континенти почнувајќи од Европа, Австралија, Канада, Америка и кои ја афирмираат македонската песна секаде во светот и го одржуваат тој дух на заедништво на свој начин преку музиката.
Жирито за одлука за доделување на признанијата е составено од познати медиумски лица, истакнати луѓе во музичката индустрија, автори, текстописци, музички уредници. Ги покануваме сите луѓе, љубители на фолк музиката да присуствуваат на Фолк вечерта на популарноста, рече Благоја Грујовски, уметнички директор на манифестацијата.