Литературно читање во Библиотеката „Искра“ по повод празниците Св. Трифун и Св. Валентин
Литературно читање по повод празниците Св. Трифун и Св. Валентин организираа членовите од ЛК „Копнеж“ во библиотеката „Искра“ во Кочани. Се читаше љубовна поезија и поезија за закројување и бериќет на лозјата. Подготвен е и билтен во кој се сместени литературните творби на членовите на клубот. Читањето поезија беше пропратено и со музички перформанс.

Литературниот клуб „Копнеж“ традиционално секоја година ги чествува двата празника и организира литературни читања и други активности со познати автори. Инаку, секојдневно се зголемува бројката на нови членови на кочанскиот литературен клуб кој е многу активен на културно поле.

