Амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир во посета на Општина Кочани
Денеска, Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир е во официјална посета на Општина Кочани.

Најпрвин беше остварена средба со градоначалникот Љупчо Папазов во салата за состаноци во Општина Кочани. На средбата градоначалникот ги презентираше состојбите и можностите, природните ресурси со кои располага Општина Кочани, како и правецот во кој ќе се движи општината за нејзин развој.

Делегацијата на ЕУ во текот на денот оствари средба и со членовите на Советот на Општина Кочани, со невладини организации и граѓани, а ќе посети и проекти финансирани од страна на ЕУ.

