6 награди за членовите на ФА “Љупчо Сантов” – Оризари на 22-от Меѓународен детски етно-фестивал “Децата на Балканите – со духовност во Европа” во Бугарија
Членовите на Фолклорен Ансамбл Љупчо Сантов – Оризари, Кочани на возраст од 11 до 14 години успешно ги завршија настапите во Минерални Бањи, Хасково, Бугарија на 22-от Меѓународниот детски етно-фестивал ,,Децата на Балканите – со духовност во Европа”.

На фестивалот учествуваа 8 држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Молдавија, Украина, Косово, БиХ, Бугарија) со 2200 учесници.

Ансамблот освои 6 награди во повеќе категории:
– специјална награда за фолклор на Ансамблот,
– специјална награда за солисти – народни инструменти,
– специјална награда за вокални групи – фолклор.
– II место за оркестар – фолклор,
– III место за вокални групи – фолклор,
– III место за солисти – народни инструменти,
– покана за учество на Karnolsky Summer Camp за солисти – фолклор.





