13 први, 5 втори и 1 трета награда – учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ заокружуваат уште една успешна учебна година
Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ заокружуваат уште една успешна учебна година. На прес конференција од музичкото училиште ги истакнаа и презентираа успесите на најдобрите ученици кои годнава го претставуваа училиштето на државни и меѓународни натпревари и освоија награди.

-Станува збор за 13 ученици, како и оркестарот на традициски инструменти со 5 ученици годинава освоија 13 први, 5 втори и 1 трета награда. Пофални зборови за сите учесници и нивните ментори се надевам дека бројот на награди ќе расте секоја година. Во тек е и уписот на нови ученици во нашето училиште и користам прилика да ги повикам родителите да дојдат да видат како учениците се дружат и музицираат, рече Марија Лазарова, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков“.

-По патрониот празник на 5 јуни, имаме неколку концерти, ќе го споменам гостувањето во Св. Николе, потоа во Охрид и последниот ќе биде концертот на родители и деца кој за прв пат ќе се одржи оваа година како спој на родители и наши ученици кои ќе се претстават со изведба по нивна желба и со тоа ќе ја завршиме концертната програма за оваа година, рече Виктор Постолов, наставник во ОМУ „Ристо Јуруков“.

-Со мојата наставничка Марија Лазарова во изминатиов период постигнавме одлични резултати на натпревари во Македонија и Италија, имам 3 први и 1 втора награда, рече Макарија Иванова, ученичка во ОМУ „Ристо Јуруков“.

-Јас оваа година имам 3 први места и ги постигнав со мојот наставник Душан Стојанов. Чест ми е да имам таков наставник и сакам да продолжиме со исто темпо, рече Јован Цветанов, ученик во ОМУ „Ристо Јуруков“.

-Јас учам кај наставничката Драган Карова Ангелова, бев на натпревар во Штип и освоив прва награда, рече Милана Стаменкова, ученичка во ОМУ „Ристо Јуруков“.

Инаку, во музичкото училиште одржувам концерти наречени „Музичка среда“, до сега поминаа 6, а веќе се подготвуваме за одбележување на патронот празник на 5 јуни во 19 часот во МКЦ на кој ги покануваме сите граѓани, додаде Лазарова.

