Јулска крводарителска акција – собрани 26 крвни единици
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јулска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 26 крводарители.

Акцијата е 12 што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

