ЈОУБ „Искра“ – Одбележан Светскиот ден на раскажувањето бајки
По повод Светскиот ден на раскажување бајки, 26 февруари, во библиотеката „Искра“ се одржа литературно-ликовна работилница со наслов „Бајката чудесен свет на имагинација“. Учесници беа ученици од второ одделение од ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

На настанот учениците имаа можност да поразговараат за бајките, басните, а им беше објаснета и потребата од читањето на книги, како и дека можат да се зачленат во библиотеката и оттаму да позајмуваат дела кои им се предмет на обработка во училиштето.



