Јорданчо Костадинов кандидат за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ
Актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево и директор на ООУ “Св.Климент Охридски” во Облешево, Јорданчо Костадинов е кандидат за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Драги сограѓани, почитувани пријатели и роднини!
Денес, сакам да ја споделам со вас одлуката на Извршниот Комитет и на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Др. Христијан Мицкоски за дадената доверба да бидам кандидат за градоначалник во општина Чешиново-облешево, од најголемата политичка сила во Република Македонија. Целосно сум мотивиран и со огромно чувство на одговорност, ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Општина Чешиново – Облешево.
Оваа кандидатура не е само политичка одлука, туку од денес, тоа е моја лична обврска и предизвик, и планирам заедно со вас да ја реализирам.
Ова нема да биде само моја лична битка, тука ова е наша заедничка мисија во која ќе понудиме: нови проекти, достоинство, култура, и со силна енергија ќе работиме за подобри услови за живот.
Мојата визија е јасна: Општина Чешиново- Облешево да стане модерна, инфраструктурно уредена и просперитетна општина, со поддршка за земјоделците, со нови перспективи за младите и за поголема грижа за пензионерите.
Периодот кој следи ќе бидам отворен за граѓаните, и преку средби со ваши идеи и предлози ќе градиме поубава и просперитетна општина.
Со визија и со чисто срце, со јасен план – за роден крај каков што сите заслужуваме.
Со почит,
Јорданче Костадинов
