Чествување на „Св. Архангел Михаил“ на Стришанската чешма
Празничен собир на Стришанската чешма. Жителите на Стришани и други кочанци се собраа на чествување на празникот Св. Архангел Михаил заеднички да му оддадат почит на ангелот кој е нивен заштитник. По тој повод беше благословен и пресечен славски колач, а кумството за следната година го презеде Димче Андонов.

Стришанската чешма останува симбол на маалото кога некогаш тука произлегувале првите љубови, собирања и средби кои засекогаш останале во сеќавањата на постарите жители.

Кочанскиот православен храм „Св. Вмч. Ѓорѓи“ ги поддржува ваквите собири и свештениците го пресекоа и благословија празничниот колач. Жителите си порачаа догодина собирот да биде уште помасовен, а традицијата да продолжи.

