Хуманитарен базар во скопско училиште за настраданите во трагедијата во Кочани
И скопските училишта се организираат за собирање средства за настраданите во пожарот во Кочани.
ООУ ” Крсте Мисирков” од скопската населба Гази Баба Скопје организира хуманитарен базар. Сите средства што ќе ги соберат ќе ги донираат за настраданите од Кочани, информираат од училиштето.
Базарот ќе се одржи на 29.04.2025 (вторник) со почеток од 17:30 часот, а се планираат интересни содржини како продажба на креативни изработки од учениците, домашна храна и многу други изненадувања. Ќе има и забава со магионичар.
Базарот ќе се одржи во спортската сала на училиштето а истиот се одржува под наслов “Мали раце – големи дела!
Настанот е во соработка со Support Кочани и општина Гази Баба.
